Модата се врти во круг, а сега дојде редот на здолништата од тексас кои пред 10-тина години беа апсолутен хит.
Ништо помалку популарни нема да бидат ниту оваа зима. Иако тексасот е материјал карактеристичен за летниот период, оваа сезона се менува тоа правило.
View this post on Instagram
Модните експерти се јасни – овој модел мора да се најде во гардероберот на секоја жена со стил.
Постојат сосема доволно причини зошто треба да инвестирате во ова парче облека: токму како и фармерките, тексас здолништата можат да се носат на безброј начини, лесно се вклопуваат во секој стил и можат да бидат дел од лежерниот, но и малку посвечениот стајлинг. Со помош на вистинските аксесоари, тексас здолништето може да изгледа многу гламурозно.
View this post on Instagram
Може да се носи со патики, рамни чизми, но и високи потпетици. Одлично ќе изгледа и во комбинација со обична маичка или елегантна блуза. За кој стил и да се одлучите, едно е сигурно – нема да погрешите со ваквиот модел на здолниште.
Овој модел го крие вишокот килограми на колковите, а високиот струк го прикрива и затегнува стомакот. Без дилема, ваквиот крој ќе го обожуваат многу жени.