„ОВА ГО ЧЕКААТ РУСИТЕ“: Медведев порача дека одговорот на терористичкиот напад на мостот на Крим ќе биде директно уништување на терористите

Одговорот на Москва на терористичкиот напад на мостот на Крим може да биде само директно уништување на терористите, изјави Дмитриј Медведев, заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност.

„ОВА ГО ЧЕКААТ РУСИТЕ“: Медведев порача дека одговорот на терористичкиот напад на мостот на Крим ќе биде директно уништување на терористите

Без сомнение, и немаше. Сите извештаи и заклучоци се направени. Одговорот на Русија на ова злосторство може да биде само директно уништување на терористите. Баш како што е прифатено во светот. Ова го чекаат граѓаните на Русија – рекол Медведев, а пренесува „Раша тудеј“.

На 8 октомври, околу 06:00 часот по локално време, на автомобилскиот дел на Кримскиот мост беше разнесен камион, при што делумно се урнаа два распони на конструкцијата.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека специјалните служби на Украина се нарачатели, автори и извршители на поткопувањето на мостот на Крим.

Шефот на рускиот истражен комитет Александар Бастрикин изјави дека случајот со експлозијата на мостот на Крим е отворен под написот „Тероризам“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.