ОВА Е ЖЕНАТА ОСОМНИЧЕНА ЗА БОМБАШКИОТ НАПАД ВО ИСТАНБУЛ: Преплашена од апсењето, државјанката на Сирија ОТКРИЛА се!

Турските медиуми објавија дека осомничената за нападот во Истанбул, во кој животот го загубија шест лица, е државјанка на Сирија и дека признала дека е поврзана со Курдистанската работничка партија, која во земјата е препознаена како терористичка.

Ахлам Албашир за време на првото испрашување рече дека била обучена од курдски милитанти во Сирија и дека влегла во Турција преку северозападниот сириски регион Африн, соопшти полицијата.

ОВА Е ЖЕНАТА ОСОМНИЧЕНА ЗА БОМБАШКИОТ НАПАД ВО ИСТАНБУЛ: Преплашена од апсењето, државјанката на Сирија ОТКРИЛА се!

Објавени се нејзините фотографии и видеа од апсењето.

На објавеното видео се гледа како жена со кадрава коса облечена во виолетов џемпер на кој пишува „Њу Јорк“ е донесена во полицискиот оддел. Полицијата со помош на куче извршила претрес во станот во кој била уапсена и нашла злато, пари и муниција.

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу претходно изјави дека наредбата за напад на авенијата Истиклал во Истанбул била издадена во Кобани, град во северна Сирија каде турските сили спроведуваат операции против фракцијата на сириските Курди ИПГ во последните години, пренесува Ројтерс.

„Веруваме дека инструкцијата за нападот е од Кобане“, рече Сојлу, додавајќи дека бомбашот поминал низ Африн, друг регион во северна Сирија.

Турскиот министер за правда Бекир Боздаг претходно објави дека за експлозијата во центарот на Истанбул е осомничена жена, која, според него, 45 минути седела на клупа, а потоа станала.

Експлозијата се случила во неделата попладне околу 16 часот и 20 минути на фреквентната пешачка улица Истиклал, која била повторно отворена откако полицијата ја опколила во текот на истрагата која траела до утринските часови.

Министерот рече дека има две можности како дошло до експлозијата.

Или во чантата имало механизам што се активирал, или некој го активирал механизмот од далеку. Истрагата се уште е во тек. Можно е намерно да го избрале тој регион. Има многу странци, можеби сакаа да испратат порака до светот. Турција е силна земја – рече министерот.

Во меѓувреме беа објавени и видео снимки на кои се гледа како осомничената бега, по што следуваа апсења.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека бомбашкиот напад во центарот на градот „мириса“ на тероризам. Тој изјави и дека експлозијата е „предавнички напад“ и дека сторителите ќе бидат казнети.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.