ТУРЦИЈА ОДБИ ДА ГО ПРИФАТИ СОЧУВСТВОТО НА АМЕРИКА ПО БОМБАШКИОТ НАПАД: „Ја добивме пораката, знаеме од каде доаѓа координираниот напад“

Турција одби да прифати сочувство од Соединетите Американски Држави по терористичкиот напад во Истанбул, изјави министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

„Знаеме од каде е координиран нападот. Ја добивме пораката и знаеме за што се работи. Не прифаќаме сочувство од американската амбасада. Не сме биле предавнички кон никого, но повеќе не можеме да ги толерираме овие предавнички постапки Улицата „Истиклал“ е наше дете“, рече министерот, пренесува турскиот портал „Медјаскоп“.

ТУРЦИЈА ОДБИ ДА ГО ПРИФАТИ СОЧУВСТВОТО НА АМЕРИКА ПО БОМБАШКИОТ НАПАД: „Ја добивме пораката, знаеме од каде доаѓа координираниот напад“

„Ние не сме ничии непријатели, немаме фокус на ничија земја. Не можеме повеќе да го издржиме ова предавство. Знаеме каква порака добиваме. Терористите беа фатени. Да не ги фатевме денеска ќе избегаа во Грција.

Соочени сме со терористичка структура за која знаеме и како е координирана. Секој што се обидува да обезбеди внатрешно разузнавање на ПКК е соучесник. Нема смисла да се расправаме за пиони. Испраќаме многу силна порака на оваа порака што ја добиваме“, додаде Сулејман Сојлу.

Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер претходно изјави дека САД го осудуваат чинот на насилство што се случи во Истанбул и им изразува сочувство на семејствата на жртвите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.