Ова е летната униформа за 2023: Елек + широки панталони

Како да постигнете елегантен изглед, а притоа да се чувствувате пријатно и удобно?
Еден од најатрактивните трендови за ова лето е одговорот – краток елек и широки панталони се спој кој ќе ви обезбеди удобна елеганција.

Уште еден пример кој илустрира како парчињата од „машкиот гардеробер” добиваат женствена димензија.
Оваа комбинација најчесто е ограничена во однос на спектарот на бои, па најприсутна е во монохроматски варијанти, црна, бела, сива или земјени тонови.

Ленот е најчест избор кога летната удобност ни е приоритет, па оваа сезона сетовите изработени од овој материјал се и најпопуларни, а и најпријатни за носење.
Како изгледа уличната мода кога оваа комбинација е во фокусот, погледнете низ фотографиите во продолжение.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.