ОВА Е МИСТЕРИОЗНИОТ СОПРУГ НА АНА КОРАЌ – висок моќник и со напумпани мускули, кој вчера искеширал брдо пари за да и пее оваа пејачка на роденденот!

Поранешната учесничка во „Задруга“ Ана Кораќ вчера го прослави својот 29-ти роденден, па по тој повод организираше забава за пријателите.

Ана и нејзиниот партнер кој го крие од јавноста приредиле забава за паметење, па во тајност ја ангажирале пејачката Јелена Розга.

Таа на старлетата и ги пееше омилените песни како би и ја разубавела вечерта, пренесуваат српските медиуми.
Таа на Инстаграм објави и неколку фотографии од прославата, но и видеа како навистина била атмосферата само за одреден број на луѓе.

Она што е посебно интересно е тоа што меѓу фотографиите се најде и нејзиниот партнер на кого му роди и дете.
На сите фотографии неговото лице е прекриено со стикери, а на една под фотографиите откри дека тоа и е сопругот.

„Мојот маж“, напиша таа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.