Ова е моментот кога Шојгу нареди повлекување на војниците од Керсон

Министерот за одбрана на Руската Федерација Сергеј Шојгу денеска издаде наредба за повлекување на руските војници од десниот брег на реките Днепар во областа Керсон.

Оваа одлука беше објавена откако командантот на силите на Руската Федерација во Украина, Сергеј Суровикин, му прочита извештај на Шојгу за ситуацијата на фронтот.

Ова е моментот кога Шојгу нареди повлекување на војниците од Керсон

Видео од говорот на Суровикин беше емитувано на руските канали Телеграма.

Судејќи по неговите зборови, во блиска иднина ќе има ново „прегрупирање“.

Најцелисходната опција е да се организира одбрана долж бариерната линија на реката Днепар… по нејзиниот лев брег – рече Суровикин видно нервозен додека му известуваше на Шојгу за ситуацијата на теренот.

Суровикин рече дека не е лесно да се донесе таква одлука, но посочи дека со тоа ќе се „зачува борбената моќ на трупите“.

Откако Суровикин ги кажал сите детали, Шојгу загрижено ја издал наредбата.

Почнете да ги повлекувате војниците – нареди Шојгу.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.