Ова е најлесниот и најбрз рецепт за вкусни и меки крофнички

Ако сте во потрага по едноставен, а вкусен десерт кој ќе ги израдува вашите најмили, еве еден едноставен рецепт по кој полудеа домаќинките ширум светот.
Станува збор за рецепт за крофнички кои се подготвуваат од само две состојки и се готови за буквално 10 минути. Резултатот е превкусен, крцкав и сочен.


Потребни состојки:
– 190 грама грчки јогурт (може да се замени со млеко, но во тој случај се користи 110 грама млеко)
– 140 грама само-растечко брашно
Подготовка:
Во длабоко загреано масло ставете мала лажичка од смесата. Доколку имате шприц за колачиња, тестото можете да го ставите во него и да исцедите мали топчиња. Треба да добиете мини крофнички.
Филувајте ги по желба – со мед, шеќер во прав, чоколаден крем, џем…
Ова е рецепт кој последните неколку денови го освои интернетот.
На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.