Ова е пораката што ја добил Пендиков кој лежи во болнички кревет во Софија, кој му ја пратил?

Софиското обвинителство покрена предистражна постапка за смртна закана упатена кон претепаниот Христијан Пендиков изјави портпаролката на главниот обвинител Сијка Милева.

Христијан Пендиков поднел пријава до Министерството за внатрешни работи во Бугарија за тоа дека на социјална мрежа му била испратена заканувачка порака на македонски јазик, како и дека на интернет биле објавени негови фотографии со повици за насилство врз него.

„Обвинителството на Република Бугарија ја претвори во своја кауза борбата против прекршоците од омраза, со кои се соочува и целата европска заедница“, коментира портпаролката на јавниот обвинител Сијка Милева.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.