Ова е сопругата на Здравко Чолиќ: Ретко ја гледаме во јавност

Најголемата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ со децении е во среќен брак со сопругата Александра со која има две прекрасни ќерки. Таа ретко се гледа на јавни настани, и е многу посветена на работата.

Ова е сопругата на Здравко Чолиќ: Ретко ја гледаме во јавност

Александра е професорка по географија, а со години е безусловеб поддржувач на пејачот. Двајцата се венчаа на 1 мај и како што еднаш кажа Чола, многумина мислеа дека тоа е скриена камера.

– Се венчавме на први мај сосема спонтано, сите мислеа дека е скриена камера, бидејќи излеговме на забава. Бевме во врска долго време. Почитта и пријателството мора да постојат. Врските кои траат подолго, за оние кои можат да ги протуркаат, воопшто не се лоши, во однос на заедничкиот живот – изјави тогаш Здравко, а Александра претходно откри како ја заведувала тогаш најголемата поп ѕвезда.

– Секој маж сака некој да се грижи за него. Мислам дека тоа беше пресудно. Се запознавме одамна на Макарска, Александра студираше во Белград, продолживме да се гледаме, со текот на времето почнавме да излегуваме. Ме освои со својата едноставност и наклонетост. Таа ми се посвети, мисли за мене, се грижи.. Човек некако препознава личност која би сакал повторно да ја види, ја фаќа некаква емоција која без зборови кажува дека се грижи за него. Тоа не можам да го објаснам бидејќи пред себе можеш да ја имаш најубавата и најпаметната жена и едвај чекаш да си замине. Вишата сила одредува зошто некои луѓе се заедно, а други не. Аурата на Сандра и мојата се препознаа, тоа веројатно беше доволно за да влезе во нова димензија.

Инаку, ќерката на Здравко Чолиќ, Уна Чолиќ е многу активна на социјалните мрежи каде споделува детали од приватниот живот.

Луксузните патувања, облеката, времето поминато се само дел од она што Уна им го покажува на своите следбеници.

Пронајдете не на следниве мрежи: