Ова се најмодерните модели на бикини за ова лето: Најхрабрите во нив ќе ги излудуваат мажите на плажа

Се приближуваме до нашите омилени летни денови, што значи дека одморот е близу, а со него најчесто доаѓаат море, песок, плажа… Затоа итно ни требаат нови бикини.
Неколку парчиња ќе бидат особено модерни летово, па модните блогерки веќе се луди по нив. Но, сепак, проценете дали и Вие сте доволно храбри да ги облечете на себе.
Првите се бикини кои наместо да ги покриваат, ги откриваат градите. Долниот дел од градите во нив не е покриен, односно горниот дел од бикинито има еден вид деколте не само одозгора, туку и одоздола.


Вториот популарен модел за ова лето се таканаречените „мини-бикини“ кои не се непознати до сега и повеќе откриваат отколку што покриваат, па затоа се само за оние најхрабрите со извајано тело.
Овој пат и оноа малку покриеното е уште пооткриено, бидејќи со новиот модел „skinny dipping“ речиси и ќе нема што да ви се натопи, зашто страничните врвки на овој модел и на горниот и на долниот дел од бикинито се направени од проѕирен силикон, така што на вас останува да носите едвај некој сантиметар „крпче“.


Третиот модел кој е мошне популарен и модерен ова лет, всушност е едноделен, но минималистички костим за капење во три слични модели:
Fearles – за оние „бестрашните“ кои не се плашат да покажат со какво тело располагаат, па и повеќе од тоа…

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.