190
Храната може да биде поттик за здравствени проблеми. Д-р Џенин Боуринг на TikTok откри дека постојат три намирници кои можат да бидат особено лоши за мозокот бидејќи содржат транс масти.
– Трансмасните киселини негативно влијаат на меморијата и размислувањето, особено кај помладите – рече таа и препорача да се внимава со маргаринот, готовите колачи и готовите мешавини за колачи и бисквити.
– Ако вашите деца сакаат да ги јадат овие работи, мора да ги избегнувате бидејќи тоа негативно ќе влијае на нивниот мозок и способност за учење – предупреди докторот.
Транс мастите не се само лоши за мозокот, туку и за кардиоваскуларниот систем. Дизајнирани да го подобрат вкусот и да го продолжат рокот на траење, транс мастите можат да го зголемат нивото на лошиот холестерол додека го намалуваат добриот холестерол.