Ова сè уште не сте го пробале: Сочна бурек пита со јаболка

Пита која сигурно ќе ви го разубави денот
Состојки:
500 гр тенки кори
4 големи јаболка
масло 30-50 мл
Минерална вода
Подготовка:
Истурете кисела вода и масло во сад и добро измешајте. Јаболките изрендајте ги и засладете ги по желба. Плех 24 см. премачкајте со масло или прекријте со хартија за печење.
Ставете 3 кори на дното и испрскајте ги со вода и масло. Следната кора посипете ја со масло и вода, „расфрлете“ малку од ренданите јаболка, потоа свиткајте ја како хармоника и редете ги по три по ред, и над тоа, исто така, до крај.
Покријте со две празни кори и печете на 200 степени околу 40-45 минути. Превртете наопаку на даска и сервирајте топло.
Погледнете ја подетално подготовката:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.