Неодоливи мафини без шеќер и без брашно. Одлични се за целото семејство.
Од наведената количина на намирници ќе добиете околу 12 мафини. Сепак бројот на мафини ќе зависи од тоа колкава големина се калапите кои ги користите. Најдобро е да користите гумени затоа што во нив мафините воопшто не се лепат, а и лесни се за одржување.
Потребни состојки:
1 чаша овесни снегулки
4 лажици мешавина од мелен лен и сусам
50 g путер
2 лажици мед
1 голема банана
2 јајца
1 лажичка прашок за пециво
1 лажичка ванила екстракт
по желба: џем од слива.
Начин на подготовка:
Во блендер соединете ги заедно: путерот, медот, бананата, јајцата и екстрактот од ванила. Потребно е да се добие еднолична и хомогена смеса.
Во друг длабок сад измешајте ги заедно овесните снегулки, ленот, сусамот и прашокот за пециво. На оваа сува смеса полека додадете ја претходната мешавина и мешајте дури не добиете еднолична текстура. Доколку смесата е малку течна, можете да додадете уште малку овесни снегулки.
Потоа со лажичка ставете од сместа во калапи за мафини и печете во загреана рерна на 180°С околу 15-20 минути.
На крај кога ќе се испечат мафините, по желба можете да ги намачкате одозгора со џем од слива или било кој џем кој вас ви е омилен.
Добар апетит!
Можеби ќе ве интересира:
Екстра брзи здрави бомбици со суво овошје и јатки
Интегрални божиќни колачиња со ѓумбир