Овие се новите хит безобразни шорцеви

Досега се згрозувавме со минијатурните шорцеви од кои се гледа задникот, но сега се појави нов модел кој апсолутно е шокантен!

Пристигнаа топлите денови и сезоната со “безобразни” парчиња облека, а модниот бренд “Pretty Little Thing” дизајнираше шорцеви кои навистина даваат нова смисла на изразот “жешки панталони”.
Имено, нивните шорцеви кои се продаваат под назвиот “Shelby Bum Rip High Waisted Denim Shorts” се искинати веднаш под задните џебови и изгледа прилично скандалозно.


Се продаваат по цена од 20 евра, а со оглед на количината на материјал која е потрошена за да се сошијат и тоа е многу.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.