четврток, 12 ноември 2026
Најново

Овие 6 совети можат да ви го спасат животот: Што да направите ако ви откажат сопирачките на автомобилот?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Како прво, не посакуваме никому да му се случи да му откажат сопирачките, но можност постои, дури и кај скапите автомобили.
Во тој случај, следните чекори можат да ви помогнат да избегнете сериозни повреди и да ви го спасат животот.
Тргнете го стапалото од педалата за гас и вклучете ги сите четири трепкачи.
Продолжете да ја притискате сопирачката, колку што е можно побрзо и што е можно појако.
Префрлете го менувачот во прв степен на пренос.


Подигнете ја рачната сопирачка, но полека и без нагли движења – брзо повлекување може да го занесе автомобилот.
Ако е можно, полека прилепете се до заштитната ограда, која значително ќе го забави автомобилот.
Обрнете внимание на околината – ако видите мека површина како земја и трева или песок, свртете го автомобилот во таа насока. Направете го ова само ако веќе се движите со брзина не повеќе од 15 km/h.

Поврзани вести