Овие Jimmy Choo патики се вистински зимски хит

Џими Чу само што ги претстави своите луксузни патики за жени и мажи, наречени Дијамант (Diamond). Овие парчиња на “улична облека” посветена на нова генерација на љубители на патики кои се во потрага по нешто екстравагантно.
Силуетата е инспирирана од винтиџ патики за трчање, кои имаат дијамантски отисок на ѓонот.
Дизајнирани во Италија, патиките имаат рамен класичен ѓон, кој е интегриран со иновативна транспарентна подлога. “Дебитантските луксузни Џими Чу патики настанале после размислувањето како би било да се движите во повеќе слојни дијаманти”, изјавила креативната директорка на Џими Чу брендот, Сандра Чој. 
Патиките се удобни и функционални во природата, со клучни флексибилни точки кои овомзожуваат движење, а украсени се со Сваровски кристали за мажи и жени.
Како како производители на обувки работат со традиционални материјали, деталите се инвентивни и класични, а достапни се и во бела и сребрена боја за жените.


Машките модели се достапни и во килибарни, црни и сино бели бои. Дијамантските чевли се веќе достапни во онлајн продавници низ целиот свет од 14 ноември. Цената е вистинска ситница, за модел преплавен со Сваровски кристали ќе мора да издвоите 3.995 долари, додека останатите модели чинат 895 долари.
Не би биле изненадени доколку овој модел на патики прво го погледнавме на Кендал Џенер, Хејли Болдвин и сестрите Хадид.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.