Овој вид пијалок негативно влијае на крвниот притисок

Кога станува збор за намалување на крвниот притисок преку исхрана, најголем дел од вниманието е насочено кон солта. Американската асоцијација за срце вели дека намалувањето на внесот на натриум за само 1.000 милиграми дневно може значително да го подобри крвниот притисок. Но, според кардиолозите и нутриционистите, солената храна не е единствениот виновник.

„Солта е само дел од приказната. Некои пијалоци исто така можат да го зголемат крвниот притисок“, вели диететичарот Мишел Д. Рагер за Parade.

Според здравствените експерти, постои еден многу чест вид пијалок кој може да го зголеми крвниот притисок дури и побрзо од солта – енергетските пијалоци.

„Енергетските пијалоци можат да предизвикаат нагло зголемување на крвниот притисок поради начинот на кој нивните состојки го стимулираат кардиоваскуларниот систем“, вели диететичарката и нутриционистка Мишел Рутенштајн.

Честата консумација може да го зголеми ризикот од хипертензија и нарушувања на срцевиот ритам.

Кардиологот д-р Ренди Гулд објаснува: „Кофеинот го стимулира ослободувањето на епинефрин – адреналин – што може да предизвика скок на крвниот притисок, кој обично достигнува врв во рок од еден час.“

Покрај кофеинот, енергетските пијалоци често содржат и други стимуланси.

,,Гуараната е во суштина дополнителен извор на кофеин“, објаснува Рагер, додавајќи дека вкупната количина на стимуланс тогаш може да биде поголема отколку што сугерира декларацијата.

Тој, исто така, предупредува за горчливиот портокал: „Горчливиот портокал, или синефрин, е уште еден стимуланс кој може да го имитира адреналинот и да предизвика зголемување на крвниот притисок и срцевиот ритам“.

Важно е да се напомене дека зголемувањето на крвниот притисок не секогаш има симптоми.

„Многу луѓе доживуваат таканаречен „тивок скок““, предупредува Рутенштајн, особено кај луѓе кои редовно консумираат кофеин.

Кардиологот д-р Ченг-Хан Чен истакнува дека повремената консумација на енергетски пијалоци веројатно нема да има долгорочни последици, но дека нивното често пиење може да го зголеми ризикот од хипертензија и нарушувања на срцевиот ритам.
The post Овој вид пијалок негативно влијае на крвниот притисок appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: