четврток, 12 ноември 2026
Најново

Одобрено обвинение за случајот „Онкологија“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Кривичниот суд го одобри обвинението за злоупотреби на Клиниката за онкологија во Скопјe, во кое се вклучени поранешните директори на клиниката, Нино Васев и Нехат Нухи. Во обвинението се вклучени и тројца онколози.Кривичниот суд информира дека жалбата на одбраната е одбиена, а обвинителниот акт е одобрен, па овој предмет ќе биде распределен кај судија преку АКМИС системот за понатамошни постапки и ќе биде закажан датум за првото главно рочиште.Васев е обвинет за две кривични дела – злоупотреба на службена должност и загрозување на здравјето на пациентите, додека двајца онколози се обвинети и за обезбедување терапија на пациенти без медицинска основа.Според второто обвинение, Васев и Нухи се обвинети за измама, со која нанеле штета од 35 милиони евра на државниот буџет.

Поврзани вести