Одреден 30 дневен притвор за Новачевски, кумот на Груевски

Одреден 30 дневен притвор за Новачевски, кумот на Груевски

По предлог на ЈО за организиран криминал и корупција, Судија на претходна постапка му одреди притвор од 30 дена Ристо Новачевски заради постоење на основано сомение дека го сторил кривичното дело Перење пари и други приноси, информираа од Основниот кривичен суд.

„Судија на претходна постапка по разгледување и ценење на предлогот, како и произнесување на одбраната и обвинителството, донесе решение со кое го уважи предлогот и на Р.Н. му се определува мерка притвор во траење од 30 дена“, стои во информацијата поврзана со случајот.

Повеќе на оваа тема подолу:

За плацевите на Водно приведен Новачевски, кумот на Никола Груевски

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.