Засега непознати сторители украле три армиски возила „Хамер“ од армискиот резервен центар во Тустин во Калифорнија, јавува CBS News.
Полициската управа во Тустин соопшти дека осомничените го пресекле катанецот за да влезат на паркингот помеѓу 20 и 23.30 часот. Тие украле возила од кои едното било блиндирано.
Дополнително, биле искршени повеќе шкафчиња за складирање, а кај нив недостасувала опрема. Осомничените, наводно, се обиделе да го пресечат катанецот на складиштето за униформи, но не успеале.
Војската истакна дека осомничените не украле никакво оружје или муниција освен 18 бајонети.