Од големата несреќа во Црна Гора: Автобусот прелета преку мене додека патниците однатре врескаа

12 годишно момче кои било дел од големата несреќа во Црна Гора, зборува за несреќата и како за влакно и избегал на смртта.
Бојан Поповиќ, бил очевидец на трагедијата кај мостот Грло заедно со својот татко, а сега момчето закрепнува во болница во Подгорица.
Бојан и неговиот татко преминувале на пешачкиот премин пред мостот, кога виделе дека од тунелот излегува автобус кој возел со голема брзина, а потоа поминал на спротивната лента при што закачил неколку знаци покрај патот, се кренал на две тркала и излетал во провалијата.
Автобусот го поткачил Бојан за колкот и го отфрлил неколку десетина метри од местото на ударот. Момчето се здобило со лесни повреди на главата, колкот и нозете, а утре изутрина ќе биде пуштено на домашно лекување.
Малиот Бојан ги слушал криците на патниците од автобусот додека автобусот прелетал преку него за да почне да паѓа во провалијата.
Повеќе информации во врска со несреќата на следниве два линка:
СТРАВИЧНА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО ЦРНА ГОРА
СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА ЖРТВИ ВО НЕСРЕЌАТА ВО ЦРНА ГОРА12 годишно момче кои било дел од големата несреќа во Црна Гора, зборува за несреќата и како за влакно и избегал на смр

Пронајдете не на следниве мрежи: