Сите мали и средни преносни електронски уреди, кои ќе се продаваат во Европската унија, мора да бидат компатибилни со USB-C портот откако беше одлучено дека овој тип на полнач ќе биде универзален во Унијата.„Време е за полнач. Денес USB C и официјално станува стандард за полнење електронски уреди. Тоа ќе значи подобра технологија за полнење, ќе го намали електронскиот отпад и ќе го поедностави користењето и наоѓањето соодветен полнач“, велат од Европската комисија.На потрошувачите во ЕУ повеќе нема да им требаат различни полначи за нивните мобилни телефони, таблети, камери, слушалки, конзоли и други слични мали и средни уреди.Ова доаѓа откако Европскиот парламент со убедливо мнозинство во 2022 година одлучи да ги укине другите методи за полнење уреди, освен полначот од типот USB C.Правилото за универзалност на полначите ќе важи и за лаптопите од пролетта 2026 година.
Пронајдете не на следниве мрежи: