четврток, 12 ноември 2026
Најново

Од денеска со „Визер“ од Скопје до Прага

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Од денеска со нискобуџетската авиокомпанија „Визер“ ќе може да се патува до Прага.
Ова е една од петте нови авиолинии што ги најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
–  Утрово потпишавме Договор за пет нови дестинации кои што ќе се оперираат од скопскиот аеродром. Пет нови авиолетови кои ќе значат повеќе туристи во Македонија, повеќе бизнис во Македонија и повеќе можности за сите граѓани на Македонија. Веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Стокхолм – Скопје. Исто така, веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Мадрид – Скопје, а од декември почнува редовна авионска линија Бари – Скопје, Келн – Скопје и редовна авионска линија Прага – Скопје, објави Николоски во јули.

Поврзани вести