Дизелот поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денари по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Со тоа, новата цена на дизелот ќе изнесува 104,5 денари за литар. 95 октанскиот бензин ќе се точи по 99 денари а 98 октанскиот за 101 денари за литар.
Одлуката доаѓа како одговор на поскапувањето на рафинираниот дизел на медитеранската берза за 7% минатата недела како и зајакнувањето на доларот во однос на денарот за 1%.



