За два ипол денари поевтинува дизелот, а Екстра лесното масло за домаќинство за два денари.
Од полноќ, новата цена на дизелот ќе биде 70,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 67,5 денари за литар.
Цените на бензините остануваат исти. Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 75 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 77 денари за литар.
Со денешната одука на Регулаторната комисија за енергетика, се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,26 отсто.


