Од утре ќе може да се оди на кафе, еве како ќе изгледа тоа кај нашиот северен сосед

Во изолација заборавивме на некои нормални животни навики, како што беше слободната прошетка или пиењето кафе во ресторан. За српските граѓани минатата недела се отворија фризерските салони и теретаните кои луѓето масовно ги посетија, како би се потсетиле на нормалниот живот. За претстојнава недела најавено е отварање на кафулињата, но како ќе изгледа тоа, никој не е сигурен.
Сепак ако се суди според некои кафулиња во Белград, кои Блиц ги контактирал, се чини дека тамошните граѓани нема скоро да имаат прилика да уживаат во утринското кафе во кафуле.
Не сме решиле дали ќе отвориме на 4 мај. Не сме почнале со подготовки. Многу работи треба да се подготват, а нешто не се исплаќа да се работи под овие нови мерки – изјавале за Блиц од едно кафуле.


Проблемите кои соптвениците на угостителските објекти ги наведуваат се од економска природа. Имено полицискиот час се уште не е укинат, а познато е дека најмногу гости има токму во терминот за забрана на движењето.
Набавивме дезинфикациони средства и се што е пропишано. Сепак се уште не сме почнале со подготвки за отварање во понеделник. Премногу е рано. Мислам дека луѓето се исплашени, а и мене не ми одговара да работам под овие услови. Најмногу гости порано сум имал по 18 часот, а сега тоа време почнува полицискиот час – рекол сопственик на кафуле.
Некои похрабри угостители најавиле дека ќе примаат гости скоро. Можеби не во понеделник, но секако нареднава недела.
Не отварам во понеделник, но секако ќе почнам со работа претстојнава недела. Ги набавивме сите средства за заштита, но најголем проблем е дистанцата меѓу гостите. Затоа мислам дека ќе работиме со половина капацитет и дека гостите ќе ги примаме само на терасата. Не сум сигурен како тоа ќе функционира во пракса, но ќе мораме да се прилагодиме – рекол еден белградски угостител.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.