Од утрово трае широка полициска акција за откривање и запленување на фалсификувани пари, која ја спроведува МВР преку Бирото за јавна безбедност. Според првичните информации, акцијата се одвива на територијата на повеќе градови и има меѓународен карактер.
Освен македонските полициски сили, во операцијата учествуваат и странски службеници со амблеми на ЕВРОПОЛ и ИНТЕРПОЛ, кои ја координираат акцијата заедно со македонските власти.Според информациите, целта на акцијата е запленување на голема количина фалсификувани евра и разбивање на меѓународна криминална група која оперира во повеќе држави.
Полициските служби работат на откривање на сите вклучени членови во оваа мрежа, како и на заплена на фалсификуваните банкноти пред тие да завршат во оптек.Дополнително, истрагата е насочена и кон идентификување и демонтирање на домашна печатница, каде што се произведуваат фалсификувани евра и долари.
Ова укажува дека станува збор за организирана група, која можеби има свои соработници и во други земји, но повеќе детали од истрагата обвинителстовто најави за во текот на денот.



