Од јуни можеме да патуваме во Србија без тест за КОРОНА

Од јуни можеме да патуваме во Србија без тест за КОРОНА

Ана Брнабиќ, Премиерката на Србија за медиумите рече дека ќе се обидат што е можно повеќе да го либерализираат влезот во Србија. Ова со цел да закрепне економијата која е во сериозен застој поради епидемијата на КОРОНА ВИРУСОТ.

Србија: Ново жариште на КОРОНА во Врање

На сила Од 1-ви јуни стапува либерализираниот режим на граничните премини со Македонија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина. Тоа значи дека на граѓаните на овие земји нема да им се бара негативен тест на новиот коронавирус.

„на сила тие ќе можат да влегуваат во Србија како и порано“, изјави Брнабиќ. За другите земји останува на сила задолжителното тестирање, односно доставување на негативен „ПЦР“ тест на Ковид-19 за влез во земјата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.