Оклахома без решение за Мело, Клиперси главни во ЛА

Кошаркарите на Њујорк и ЛА Клиперс забележаа победи во дерби натпреварите против Оклахома, односно ЛА Лејкерс, кои во ноќта помеѓу неделата и понеделникот се одиграа во НБА лигата.Кармело Ентони и Џеј Ар Смит одиграа брлијантен натпревар во кој Њујорк ја совлада Оклахома со 125:120. Никси ја забележаа 12-та победа во низа и за прв пат по 13 години сезоната ќе ја завршат со најмалку 50 победи.Ентони мечот го заврши со 36 поени и 12 скокови, додека Смит, кој во финишот погоди две тројки имаше учинок од 22 поени и седум скока.Ентони, кој во се наоѓа во извонредна форма, четврти пат по ред постигнува 35 и повеќе поени на натпревар, тој по натпреварот се искачи на првото место на листата на стрелци во НБА лигата. Расел Вестбрук со 37 поени, 11 скокови и осум асистенции беше најефикасниот играч на Оклахома, додека Кевин Дурент имаше учинок од 27 поени, седум асистенции и четири блокади.Клиперси против градските ривали Лејкерси забележаа победа од 109::95 и прв пат во историјата на клубот ја добија серијата против ’езерџиите’ во регуларниот дел од сезоната.Тандемот Крис Пол-Блејк Грифин постигна 48 поени, двајцата уфрлија по 24 коша, Пол имаше уште 12 асистенции, пет скока и три украдени топки. Коби Брајант и Двајт Хауард во поразениот тим постигнаа по 25 поени.Инаку Лејкерси со овој пораз си ја отежнаа задачата во борбата за плеј офот, тие имаат една победа помалку од Јута, а во меѓусебниот дуел со ’џезерите’ имаат негативен резултат (1-2 за Јута). До крајот на регуларниот дел од сезоната Лејкерси ќе играат против Њу Орлеанс, Голден Стејт, Сан Антонио и Хјустон на домашен терен, а ќе гостуваат во Портланд. Јута до крајот на сезоната игра против Оклахома и Минесота на домашен терен, а ќе гостува кај Минесота и Мемфис. Резултати од другите натпревари:Сакраменто-Мемфис 87:89Кливленд-Орландо 91:95Бостон-Вашингтон 107:96Детроит-Чикаго 99:85Голден Стејт-Јута 90:97Феникс-Њу Орлеанс 92:95Портланд-Далас 91:96.
МакфаксКошаркарите на Њујорк и ЛА Клиперс забележаа победи во дерби натпреварите против Оклахома, односно ЛА Лејкерс, кои во

Пронајдете не на следниве мрежи: