недела, 15 ноември 2026
Најново

Опасност од уривање карпи во Матка, движењето по патеката е забрането

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Општина Сарај објави дека движењето по патеката Матка е забранет поради опасност од уривање на карпи.

Според општината, одлуката е донесена врз основа на актот на Дирекцијата за заштита и спасување (бр. 57-2071-1, од 19.02.2026 година), додека на опасните подрачја се поставени и предупредувачки знаци за паѓање камења.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Забраната стапува на сила веднаш и ќе трае до понатамошно известување.

Властите ги повикуваат жителите, туристите и здруженијата што планираат активности во оваа област да ја почитуваат одлуката за нивна безбедност, нагласувајќи дека одговорноста во случај на непочитување паѓа на повредените лица.

Поврзани вести