Општа тепачка на натпревар и во Тетово – не се знае кој кого удира со боксови! (видео)

Речиси да нема викенд да не се случи некој циркус во македонската кошарка, особено во Третата лига, откако на вчерашниот дерби меч од западната група помеѓу Тетекс и Мега баскет (71-65) се случи општа тепачка во која летаа тупаници на сите страни.

Општа тепачка на натпревар и во Тетово – не се знае кој кого удира со боксови! (видео)

Иницијатор на турканицата беше гостински кошаркар, кој со нога удри еден од домашните играчи, но не со интензитет да го повреди или да предизвика голема мешаница. Но, неговиот потег ги испровоцира тетовските кошаркари, кои одговорија со тупаници, влечење, туркање. За среќа немаше повредени, па откако се смири ситуацијата судиите решија да исклучат најголем дел од играчите и тренерите. Средбата се доигра со само седум кошаркари во поле, од кои четири беа на Тетекс, а тројца на Мега баскет. Тоа го искористи домашниот тим, па во последните три ипол минути направи пресврт и со серија 16-4 дојде до бодовите.

Ова беше дерби на двата најдобри тима во Трета лига-Запад и воедно прв пораз за Мега баскет, која сега е изедначена на врвот со Тетекс со по 23 бодови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.