Општина Штип подари комбе за монасите во Лесново

 Штипскиот градоначалник, Илчо Захариев го достави комби-возилото „пежо“ до старешините во Лесновскиот манастир, возило кое беше донирано на Општина Штип од страна на фармацевтската компанија „Хемофарм“ од Вршац од Србија, кое веднаш беше отстапено на потребите на Брегалничката епархија.„Она што го ветив и практично го исполнувам. По завршување на сите законски процедури, околу документацијата, еве денес сум во Лесновскиот манастир за да го донирам возилото. На монасите им е повеќе од потребен, бидејќи имаат своја економија а манастирскиот комплекс е сé повеќе посетуван, постојано расте, што наметнува и нови барања. И во минатото сум го помагал манастирот и тоа ќе го правам во иднина, бидејќи нашата вера, нашата црква нé одржала низ вековите и тие имаат потреба од вакви донации и поддршка. Огромна благодарност и до ’Хемофарм’ кои во нас препознаат партнер за добри дела и ни го доделија ова прекрасно возило. Ветувам дека општината Штип и во наредниот период максимално ќе се залага за помош на ова духовно светилиште“, рече Захариев при предавањето на возилото.Отец Дамаскин од Лесновскиот манастир се заблагодари на донацијата, истакнувајќи дека Лесново и натаму е отворено за поддршка од сите што сакаат да помогнат:„Градоначалникот на Штип, Захариев и досега го помагаше многупати манастирот. Тој е наш пријател и секогаш е тука за нас. Сите донации кои ќе пристигнат од сите општини од регионот во која било форма за нас се добредојдени бидејќи со тоа го одржуваме овој комплекс жив, достапен за сите нас, како ретко црковно богатство“, рече отец Дамаскин.Во петокот, Славица Тодоровска, претставник на компанијата „Хемофарм“ предавајќи го возилото на Општина Штип рече дека мотивот за донацијата се „заедно со градоначалникот да направат добри дела“.
Макфакс Штипскиот градоначалник, Илчо Захариев го достави комби-возилото „пежо“ до старешините во Лесновскио

Пронајдете не на следниве мрежи: