ОРБАН ГИ ОТКРИ ДЕТАЛИ ОД РАЗГОВОР СО ПУТИН! Еве што му рекол пред почетокот на специјалната операција во Украина!

Во пресрет на почетокот на специјалната воена операција, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека има намера да ја спречи Украина да влезе во НАТО, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан за весникот Берлинер цајтунг.

ОРБАН ГИ ОТКРИ ДЕТАЛИ ОД РАЗГОВОР СО ПУТИН! Еве што му рекол пред почетокот на специјалната операција во Украина!

– Бев во Москва на 5 февруари и Путин ми рече дека ќе направи се за Украина никогаш да не влезе во НАТО – изјави премиерот на Унгарија.

Освен тоа, Орбан смета дека поранешната германска канцеларка Ангела Меркел би успеала да го спречи конфликтот во Украина. Според него, таа и претходно се покажала како силен лидер, кога во 2014 година успеала да спречи избувнување на сериозен конфликт.

Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин на 24 февруари најави почеток на воената операција за демилитаризација на Украина. Обраќајќи им се на своите сограѓани, тој рече дека околностите „бараат решителна и итна акција“, бидејќи републиките во Донбас се обратиле до Москва за помош.

Путин истакна дека целта на операцијата е „да се заштитат луѓето кои осум години биле изложени на малтретирање и геноцид од режимот во Киев“.

За тоа, според него, се планира да се изврши „демилитаризација и денацификација на Украина“ и да се изведат пред лицето на правдата сите воени злосторници одговорни за „крвавите злосторства над цивилите“ во Донбас.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.