Оригинален рецепт за белгиски вафли

Овие колачиња лесно и брзо се подготвуваат, а се неверојатно вкусни …
Потребно е:
1 кесичка сув квасец
1/3 чаша (од 250 мл) топло млеко
1 лажиче шеќер
прстофат сол
2 чаши брашно
3 јајца на собна температура
1/4 чаша путер на собна температура (или 60 гр)
1/4 чаша млеко
1 лажица екстракт од ванила
1/2 чаша крупен шеќер


Подготовка:
– Во еден сад измешајте ги квасецот, 1 лажиче шеќер и топлото млеко и оставете ги 15-тина минути да стаса квасецот.
– Додадете го брашното и солта и измешајте убаво со дрвена лажица. Додадете ги јајцата, едно по едно, путерот, млекото и ванилата и мечајте додека не се соединат сите состојки.
– Садот во кој се наоѓа тестот покријте го и оставете го да стои на топла собна температура додека не се удвои (околу 1 час).
– Сега додадете го крупниот шеќер во тестото. Измешајте убаво.
– Со лажица земајте од тестото (количината зависо од големината на тостерот за вафли) и ставете ги на врелиот тостер да се печат додека не поруменат убаво од двете страни.
– Крупниот шеќер ќе се карамелизира и ќе им даде на вафлите специјален додатен вкус, а малку ќе остане и за “крцкање”.
– Овие вафли можат да стојат и до една недела во затворена кутија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.