Оригинален рецепт за мексикански палачинки

Печени, полнети и зачинети палачинки.

Состојки:
– 2 јајца
– 3 дл вода
– 180 гр брашно
– 1 главица кромид
– 400 гр мелено говедско месо

  • половина црвена и половина зелена пиперка
    – 2 чешниња лук
    – 120 гр сирење
    – 1 лажичка мелена сува црвена пиперка
    – 1 дл масло
    – мешавина од зачини

Подготовка:
Во соодветен сад измешајте ги јајцата, брашното и водата, посолете и убаво измешајте за да добиете компактна маса.
Со оваа смеса испечете осум палачинки. Кромидот и лукот се сечкаат ситно и се пржат на малку масло. Додадете мелено месо и динстајте со повремено додавање вода додека месото не омекне.
На крајот од динстањето додадете црвен пипер и зачини по вкус. Врз секоја палачинка се става по една лажица фил од месо, се посипува со малку сирење, па се завиткува.
Во намрсена тава ставете 4 палачинки и покријте ги со половина од приготвениот прелив. Одозгора наредете ги останатите палачинки и премачкајте ги со остатокот од преливот. Се пече во загреана рерна на 200 степени Целзиусови додека не поруменат, околу 30 минути.

Прелив:
– 80 гр маргарин
– 2 лажици брашно
– 3 дл млеко
– 20 гр пармезан
– 1 јајце

Подготовка:
Растопете го маргаринот, додадете брашно и кратко пропржете. Додадете млеко и варете на умерена температура, мешајќи додека не се добие соодветната густина (погусто од тестото за палачинки).
Во изладениот сос додадете го изматеното јајце и пармезанот, сето тоа убаво измешајте и прелијте го врз палачинките.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.