Ориз со компир и печурки

Состојки
200 гр ориз
200гр печурки
1 голем компир
1 морков
1 главица кромид
1 коцка за супа од зеленчук
100 мл масло
1л вода

Кромидот и морковот ги сецкаме на коцки и ги ставаме со маслото да се пржат.
Печурките ги лупиме и ги сецкаме на крупни парчиња.
Откога ќе се испржат кромидот и морковот ги додаваме печурките и тие да се запржат.
Во сад на страна ја ставаме коцката за супа заедно со водата да зоврие.
Во тавчето со печурките го дадаваме и оризот и компирот исецкан на коцки да се запржи.
Откога се ќе се испржи оризот го преместуваме во друго тавче и ја ставаме зовриената вода.
Посолуваме по вкус и ставаме да се пече на 200 степени околу 1 час или додека оризот биде варен.
На здравје !!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.