Освежителна салата со зеленчук и јаболка, збогатена со дресинг

Оваа салата со брокула, јаболка и други здрави додатоци е идеална за есенската сезона.
Брокулата, оревите, сувите овошки, и јаболката се совршен спој на солено и благо и иако можеби звучи чудно, вкусот ќе ве изненади.
Плус е „потопена“ во дресинг, кој дава уште побогат вкус и ќе ви стане омилен оброк кој ќе ве најадува, а нема да ви биде тежок.
Намирниците можете да ги чувате однапред исечкани, а кога ќе посакате да јадете, само да ги измешате состојките и да уживате во вкусот на шарената салата.


Потребни состојки
За салата:
4 шолји поситно сечкана брокула (подготвена на пареа или пропржена)
2 благи јаболки, исчистени и исечкани
1 шолја ореви
1 шолја моркови, тенко сечкани или рендани
½ шолја суво грозје и сува брусница
¼ шолја кромид, ситно сечкан
За дресинг:
¾ шолја павлака
1/3 шолја мајонез
1 ½ лажица јаболков оцет
3 лажици мед
Сол


Начин на подготовка:
Во среден сад измешајте ги павлаката, мајонезот, оцетот, медот и зачинете по вкус.
Во друг сад за салата измешајте ги сите состојки за салатата и на крај прелијте со дресингот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.