Освежувачка розова лимонада со лубеница или малини која ќе ве освои ова лето

Многумина го бараат спасот од високите температури во течностите. За таа цел, побегнете од рутината и во обичната лимонада додадете лубеница или малини.
За розовата лимонада од малини потребни ви се осум лимони, 200 гр. шеќер, 150 гр. малина и 1,2 литри вода.
Исцедете го лимонот и изрендајте ја кората. Потоа, додадете го шеќерот, малините и зовриена вода. Промешајте, оставете да се излади и процедете низ цедалка. По желба додадете уште шеќер. Освен тоа, можете да додадете исецкани парчиња лимон, малини и многу лед.


За припрема на лимонада со лубеница потребни ви се 4 шолји лубеница исецкана на коцки, 3,5 шолји вода, 2 лажички мед, половина шолја свеж сок од лимон, кришки лимон и нане.
Зовријте половина шолја вода во која ќе додадете две лажички мед и мешајте додека медот не се истопи. Потоа додадете го остатокот од водата и сокот од лимон. Во меѓувреме, изблендирајте ја лубеницата во блендер додека не добиете хомогена смеса, па процедете додека не добиете чист сок во кој ќе го додадете сокот од лимон. Изладете, а пред сервирање украсете со кришки лубеници и листови нане.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.