Ослабете јадејќи колачиња

Желбата за јадење колачи е една од главните причини поради кои луѓето отстапуваат од своите диети.
Но, што доколку јадењето колачи и негладувањето се дел од вашата диета?
Колач диетата ги користи слатките за да ги примами луѓето кон полесно губење на килограми, преку јадење на омилените колачи. Но, ова не се колачињата на вашата баба. Овие се специјално направени за да добиете соодветен оброк од растителни влакна, протеини и други состојки кои ќе ве држат сити.


Постојат неколку видови на диети со колачи, меѓу кои најпозната е диетата на д-р Сиегал од Мајами. Тој ја развил колач формулата во 1975 година, со цел да им помогне на своите пациенти да изгубат килограми и затоа се смета за основоположник на овој концепт.
Оваа диета не ви дава ограничувања, освен во тоа кој вкус на колаче да го одберете и што ќе одберете за вечера. Оваа релативно чудна стратегија на исхрана наводно им помогнала на половина милион луѓе да го изгубат вишокот на килограми.
Колачите треба да содржат аминокиселини кои ќе ја намалат желбата за јадење, влакна и други состојки кои побавно се варат во дигестивниот систем, за да ви го одржуваат чувството на ситост.
Со 4 до 6 колачиња со овие состојки ќе внесете некаде околу 500 калории.
Вечерите се многу едноставни: ќе одберете храна со протеини, во комбинација со зеленчук. Сепак, оние кои внесуваат помалку од 800 калории на ден, треба да се под надзор на медицинско лице. Еден од најголемите мотиватори за придржување кон диетата е соодветното управување со гладта.
Што смее да се јаде: Колачињата кои го заменуваат појадокот и ручекот се во опсег од 90 до 150 калории. Тие доаѓаат во различни вкусови, вклучувајќи го и чоколадото, банана, боровинки, овесни снегулки, кокос итн.
Вечерата никогаш не треба да се прескокнува, а намирниците да се одбираат внимателно. Дневно треба да се внесуваат осум чаши течности, дозволено е некалорично кафе, чај, вода, но не е дозволено алкохол, сокови и млечни производи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.