Возачот и 78-те деца кои беа киднапирани на југозапад во Kамерун се ослободени денес, но директорот и еден наставник се задржани од киднаперите, изјави свештеник кој ги водел преговорите.
– Ослободени се 78 деца и еден возач. Директорот и еден наставник и понатаму се кај киднаперите, изјави Самуел Фонки, свештеник во Презбитеријанска црква во Камерун два дена откако вооружени лица киднапираа деца и персонал.
Свештенокот претходно изјави дека се работи за 79 деца, но подоцна е утврдено дека меѓу децата еден е наставник кој е задржан од киднаперите.
Децата беа кдинапирани во Баменда, главен град на севрозапaдниот регион., а Владата и сепаратистите меѓусебно се обвинуваат за организација на киднапирањето.



