Ослободете се од кашлица и секрет, овој домашен сируп ќе ви помогне

Морковите се неверојатно здрав зеленчук – тие се сјаен извор на витамин А и каротен, добри се за алергии, анемија, реума, проблеми со варењето, ја чистат крвта, полни се со железо, магнезиум, калциум, фосфор и други скапоцени минерали. Сјајни се и во зимата, кога ве мачи кашлица, собено ако ги подготвите на следниот начин.
Домашен сируп кој лекува кашлица и го отстранува секретот од белите дробови, а могу лесно се подготвува, ова е рецептот:
Потребно ви е:
-Половина килограм моркови
-3-4 лажици мед
-2 лажици свежо исецкан ѓумбир
Подготовка:
Исецкајте ги моркоите на ситни парчиња и ставете ги во сад во кој ќе сипете вода која треба само да ги прекрие, па ставете ги на среден оган. Кога водата ќе зоврие, додадете го ѓумбирот па оставете го да се вари додека не омекнат морковите.
Потоа процедете ги морковите и ѓумбирот, но не ја фрлајте водата. Морковите и ѓумбирот ставете ги во блендер и блендирајте се додека да добиете хомогена паста, а кога водата ќе стане млака додадете го и медот и мешајте додека не се растопи. Потоа додадете ја и пастата од морков и ѓумбир и блендирајте додека да добиете сируп.
Како се користи:
Консумирајте 3 до 4 лажици секој ден. Би требало кашлицата и исфрлувањето на секретот после вториот ден да ви бидат значително олеснети.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.