Ослободителна пресуда доби Зоран Јованов, таткото на Васил Јованов кој се товареше за кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот“.
– Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предметот со К.бр. 655/25 против З.Ј. за кривичното дело Загрозување на безбедноста на сообраќајот по чл. 298 ст.2 вв ст.1 од КЗ, по внимателна анализа на обвинението, изведените докази и релевантните законски одредби, оцени дека дејствијата кои му се ставаат на товар на обвинетиот не ги содржат законските обележја на кривичното дела па заради тоа донесе ослободителна пресуда, стои во одлуката на Кривичниот суд.
Оттаму појаснуваат дека кривична одговорност не може да се заснова врз самата околност што обвинетиот е сопственик на возилото и што неговиот полнолетен син управувал со тоа возило без возачка дозвола.
– Законодавецот ваквото однесување изречно го регулирал и санкционирал како прекршок во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а судот не може преку проширено толкување на кривичниот закон да создава нови облици на кривична одговорност кои законодавецот не ги предвидел.
Повторувањето на едно прекршочно однесување, само по себе, не го претвора во кривично дело, велат од Кривичниот суд.
Во конкретниот случај, како што е наведено, непосреден извор на опасност и непосреден причинител на настанатата последица е полнолетниот возач како самостоен учесник во сообраќајот.
The post Ослободителна пресуда за таткото на Васил Јованов appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



