Османи: Формирање на Заедница на српските општини по приемот на Косово во Советот на Европа

Косовската претседателка, Вјоса Османи. изјави дека Косово се обврзало да ја формира Заедницата на српски општини во Собранието со ратификување на договорот со Србија, пренесува косовското онлајн издание „Газета експрес“.

Османи ова го рече коментирајќи го писмото што го испрати со косовскиот премиер Албин Курти и претседателот на Собранието Гљаук Коњуфца до известувачот за Косово во Советот на Европа, Дора Бакјоани, во кое тие се обврзаа да го спроведат договорот што подразбира формирање на Заедницата на општини со српско мнозинство.

„Тоа не е обврска од март 2024 година, туку од основниот договор од 2023 година што беше прифатен од косовската делегација“, рече Османи.

Таа додаде дека формирањето на ЗСО не се бара од Косово пред приемот во Советот на Европа.

Пронајдете не на следниве мрежи: