четврток, 12 ноември 2026
Најново

Осмомартовски марш: Дојдете со цвеќе, без партиски обележја и не реагирајте на провокации

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Од организаторите пред почетокот на маршот излегоа со препораки за однесување на сите присутни на Осмомартовскиот марш

Во организација на повеќе иницијативи и здруженија, денеска од 12.00 часот од паркот Жена борец ќе започне традиционалниот Осмомартовски марш.
Од организаторите пред почетокот на маршот излегоа со препораки за однесување на сите присутни на маршот.
„Маршот е чисто граѓански протест против системското долгогодишно бришење на жените и на него имаат право да се приклучат сите граѓани и граѓанки. Почитувајте ги инструкциите на редарите. Забранети се партиски и институционални обележја, протестот е граѓанска иницијатива и не смее да се партизира. Избегнувајте провокации и не реагирајте на таквите обиди“ се наведува во препораките за однесување.

Одборот на Осмомартовскиот марш ги повика учесниците со себе да понесат цвечќе кое ќе биде оставено на постаментот каде што беше бистатана Вера Јоциќ во Градскиот парк.
Таму, впрочем и ќе заврши маршот со говори на организаторите но и на секој од пристуните кој има желба да се обрати.

Поврзани вести