недела, 15 ноември 2026
Најново

Осомничениот убиец од Старо Нагоричане ќе оди на психијатриска процена

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Дваесет и петгодишникот од Старо Нагоричане, кој е осомничен за убиството на 78-годишна жена од Челопек и за кого постои сомнение дека извршил и други убиства, е обезбеден и во следните денови врз него ќе биде извршена психијатриска процена од страна на тим на експерти, соопштија денеска од Јавното обвинителство.

Во моментов тече истрагата за случајот, a Oсновното јавно обвинителство Куманово и сите надлежни институции преземаат дејства за обезбедување докази за целосно расчистување на овие настани.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„До овој момент вештиот наод од извршената обдукција на ексхумираното тело не е доставен до јавниот обвинител. Во текот на оваа сложена постапка се вршат распити на лица, а ќе бидат обезбедени и сите други потребни докази за целосно расчистување на случаите, но во оваа фаза од постапката во интерес на истрагата не може да се споделуваат повеќе детали“, соопштија од Јавното обвинителство.

Дваесет и петгодишниот Т.Б. од Старо Нагоричане е осомничен дека во периодот меѓу 27 јануари и 12 февруари годинава на свиреп и подмолен начин усмртил 78-годишна жена од село Челопек. Убиството отвори сомнеж за поврзаност на повеќе други слични настани во Кумановскиот Регион кои сега се предмет на истрага.

Поврзани вести