Отворена фото-изложбата ” 09:00-17:00″ на Героска во Софија

Во Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија, во четврток вечер беше отворена фото-изложбата „09:00-17:00″ од младата уметничка по фотографија Елена Героска.

Изложбата наишла на одличен прием и пред публиката во КИЦ на Македонија во Софија и во списанијата за култура и уметност во Бугарија.
 
Елена Героска пред публиката во Софија, ја претстави директорот на КИЦ на Македонија во Софија, Васко Шутаров.
 
Истоимената изложба, овој месец во рамките на проектот “Македонски фото-клуб” ќе биде претставена и во Дрезден, Германија.
Макфакс
Во Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија, во четврток вечер беше отворена

Пронајдете не на следниве мрежи: