четврток, 12 ноември 2026
Најново

Откажана средбата Заев-Села

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Премиерот Зоран Заев денес изјави дека лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села во знак на револт од одземањето на ингеренциите во образованието на гостиварскиот градоначалник ја откажал денешната средба на која требаше да се разговара за обезбедување поддршка за консензуален кандидат за претседател на државата.
Заев, како што вели, го разбира револтот, но законите мора да се спроведуваат и остава простор за натамошна комуникација.
“Се слушнав со господинот Зијадин Села. Во знак на револт поради одземани надлежности во образованието на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари од страна на Министерството за образование тој ја откажа средбата. Се надевам, оставивме простор за комункација заради тоа што тоа е вредно. Јас работам и со самото Министерство, законите мора да се спроведат секако, да ги гледаме позитивните основи на самите закони”, изјави Заев одговарајќи на новинарски прашања, по пуштање во употреба на новата сала за јавни услуги од повеќе институции.

 

Поврзани вести