ОТКРИЕНИ ТАЈНИ АКТИВНОСТИ НА АМЕРИКА „Вашингтон пост“: Бараат од Зеленски да го направи она што рече дека е НЕВОЗМОЖНО

САД тајно ја охрабруваат Украина да сигнализира отвореност за преговори со Русија, објави Вашингтон пост.

Од друга страна, Стејт департментот јавно соопшти дека Москва ја ескалира војната и дека не сака сериозно да се вклучи во мировни преговори.

ОТКРИЕНИ ТАЈНИ АКТИВНОСТИ НА АМЕРИКА „Вашингтон пост“: Бараат од Зеленски да го направи она што рече дека е НЕВОЗМОЖНО

Весникот цитира неименувани извори кои велат дека барањето на американските официјални лица немало за цел да ја турне Украина на преговарачка маса, туку пресметан обид да се осигура дека Киев ќе ја задржи поддршката од другите нации.

Официјални претставници на САД и Украина признаа дека забраната на украинскиот претседател Володимир Зеленски за разговори со рускиот претседател Владимир Путин предизвика загриженост во делови од Европа, Африка и Латинска Америка, каде што најмногу се чувствуваат ефектите од војната врз трошоците за храна и гориво, според Вашингтон пост..

– Заморот од Украина е реалност за некои од нашите партнери – цитира неименуван американски функционер.

На 4 октомври, Зеленски потпиша декрет со кој официјално се изјавува дека какви било разговори со Путин се „невозможни“, но сепак ја остава отворена вратата за разговори со Русија.

Советот за национална безбедност на Белата куќа веднаш не ја коментираше точноста на извештајот.

Портпаролот на Стејт департментот, сепак, одговори на написот на весникот.

Го кажавме тоа и претходно и ќе го повториме: делата зборуваат погласно од зборовите. Ако Русија е подготвена за преговори, треба да ги прекине своите бомби и проектили и да ги повлече своите сили од Украина, соопшти Стејт департментот.

Кремљ продолжува да ја ескалира оваа војна. Кремљ ја покажа својата неподготвеност сериозно да се вклучи во преговорите дури и пред да ја започне својата целосна инвазија на Украина, додаваат тие.

„Киев подготвува целосна евакуација“

Њујорк тајмс пишува дека Киев подготвува целосна евакуација доколку биде целосно без струја.

Тоа е град со три милиони жители, а наводно веќе има цел план за оваа неверојатна опција. Околу 40 отсто од енергетската инфраструктура веќе е оштетена или уништена од руските бомбардирања.

„Ако Русија продолжи со овие напади, јасно ни е дека тие би можеле целосно да останат без струја“, изјави Роман Ткачук, владин претставник од Киев.

На властите во градот им било кажано дека ќе имаат предупредување од околу 12 часа однапред дека системот е на работ на колапс. Во тој случај, како што рече Ткачук, луѓето ќе бидат информирани да си заминат.

Но, засега, вели тој, ситуацијата е таква што се уште може да се управува. Сепак, евентуалното целосно затемнување, се разбира, ќе донесе многу други проблеми. Значи во тој случај не би имало вода или многу други работи кои зависат од струја.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.