четврток, 12 ноември 2026
Најново

Отсуството на Видески ја одложи расправата во Апелација

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Се одложи јавната расправа на која Апелациониот суд требаше да ги разгледа жалбите поднесени од обвинетите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски и жалбата поднесена од Обвинтелството за ослободителната пресуда за таткото на Вања Ѓорчевска.
Расправата беше одложена поради тоа што адвокатот на Боре Видевски, еден од обвинетите, не обезбедил согласност дека јавната расправа може да се одржи без него бидејќи тој вчера бил хоспитализиран поради проблеми со бубрезите.
Адвокатот Бојан Манев за медиумите изјави дека Видески живее со еден бубрег и дека не е лекуван соодветно. Најави дека доколку Видески не може да присуствува на следната седница, ќе обезбеди согласност од него.
– Тој од август првпат е однесен на лекарски преглед на 17 март годинава каде според параметрите, неговиот креатинин изнесувал 600, а нормалните вредности се движат од 50 до 100, а пред два дена креатининот му бил 850. Во такви услови, буквално се влошила неговата здравствена состојба во притворското одделение и бил однесен на Клиниката за нефрологија каде моментално е на болничко лекување, рече Манев.
Манев заедно со уште тројца е осуден на доживотен затвор за убиствата на Вања и Панче, а таткото на Вања, Александар Ѓорчевски не е осуден поради недостиг на докази на што се жали Обвинителството до Апелација.

Поврзани вести